Полициски и армиски хеликоптер ги гасат пожарите на Огражден и Серта

од Nikola Popovski
29 прегледи

Утрово започнува гаснењето на планинскиот пожар на Огражден, на територијата на Општина Ново Село, во близина на бугарската граница. Бидејки се работи за тешко пристапен терен, еден полициски хеликоптер префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да започнат со гаснење од земја додека полицискиот хеликоптер ќе дејствува од воздух.

Армискиот хеликоптер започнува со дејство врз пожарот на планината Серта каде утрово од земја гаснат поголеми сили.

Доцна синоќа од ЦУК соопштија дека благодарение на вчерашната одлука на Владата, со која се надминал повеќемесечниот проблем со пилотите на авионите, околу 10 часот на армискиот хеликоптер ќе му се придружат и два или три Ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, за кои Владата донесе одлука да бидат ангажирани пензионираните пилоти.

Пожарот на планината Серта е од средата околу 10.30 часот.

На планината Огражден, пожарот избувнал завчера попладне, поточно над селото Бадилен, во граничниот појас со Бугарија.

Според информациите од ТППЕ Струмица, гори борова и дабова шума и е зафатена поголема површина, а на ова подрачје има неколку објекти, меѓу кои и црква.

Слични содржини