37
Според извештаите од Европскиот медицински центар за земјотреси (ЕМСЦ), Грција била погодена од земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случил на 20 километри од градот Арта во северозападниот дел на земјата и бил регистриран на длабочина од пет километри.
Истовремено, утрово во Албанија се случил земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала. Тој бил регистриран на три километри од Поградец, на длабочина од 15 километри. Засега нема информации за повредени или материјална штета.