Синоќа (11.07.2024) полициски службеници од СВР Скопје почнаа со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје, преку превентивно присуство на полицијата.
Како што информираа од МВР, целта е одржување на стабилен јавен ред и мир како и спречување на извршување на кривични дела и прекршоци на неколку локации меѓу кои паркот Дрвен град во Дебар Маало, детските игралишта помеѓу ул „Народен Фронт“ и ул „Васил Ѓорѓов“ пекара Силбо, Порта Македонија итн.
Покрај тоа биле спроведени и сообраќајни контроли при што биле преземени 25 мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила долж ул. „Народен Фронт“, ул. „Орце Николов“ и ул. „Боемска“.
Подигнати биле шест возила со специјално возило „пајак“ и легитимирани биле 24 лица.
-Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови, дообјаснуваат од МВР.