41
Маж од Северна Македонија бил уапсен во Белград поради тешки повреди кои му ги нанел на друг маж (54). Тој, во тепачка која се случила во населбата Палилула го претепал Б.Д. (54), а потоа со стаклено шише му ја расекол главата.
Како што пренесоа српските медиуми, на осомничениот Д.Т. (36) му е одреден притвор до 48 часа. Истрагата ја презеде Првото основно јавно обвинителство во Белград.