Вучиќ одговори на обвинувањата дека Србија се подготвува за нови воени конфликти: Брзам да го зачувам мирот

од Илинка Илиоска
52 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес се обрати на јавноста од Палатата Србија. Во својата изјава, тој меѓудругото говореше дека му се брза да го зачува мирот, а и за „моралното осакатување“ на Србија и потенцра дека особено земјите од околината секогаш им служеле на странските интереси.

„Моралното осакатување на Србија, оние во околината, кои секогаш им служеле на странските интереси и чиј единствен суштински интерес, ќе видите, повикуваат на меѓународна поддршка, не сакајќи да ги решаваат проблемите со Србите, туку сакаат да ја имаат поддршката од доминантен дел од заедницата, сметајќи на тоа дека ќе може да ја уништи Србија“, рече Вучиќ.

Тој објасни дека секогаш се повикувало на меѓународни набљудувачи наместо да се разговара со Србија. Преку историски ревизионизам, додека туѓите злосторства не смеат да се повторат, преку обвинувања дека Србија е „руски агент“, обвинувања дека Србија сака војна, преку „недостиг на демократија“ и дека Србија се прикажува како антизападна за да бидат преземени мерки против земјата.

„Јасно е дека Србија се соочува со бројни предизвици кои не ги создаде и за кои не е одговорна. Многумина во околината се обидоа да го искористат конфликтот во Украина за конечен напад врз Србија, бидејќи само поделена и фрагментирана Србија може да биде прифатена Србија“, рече Вучиќ.

Слични содржини