Екс министерот за правда Кренар Лога упати поддршка за денешниот настан за одбележување на „Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница“, кој се одржа во Собранието. Оваа поддршка следува откако ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Движењето ЗНАМ упатија реакции за молитвата која се одржала на настанот, бидејќи како што велат со тоа се нарушува секуларноста на државата.
– Полемиките околу верската симболика во јавните простори и државните институции се чувствителна и важна тема. Кога државата презема чекори за интегрирање на верски симболи од специфична заедница, може да се создадат тензии и чувство на нееднаквост меѓу различните заедници.
Меѓутоа, досега нашите сограѓани Македонци и православни не оставија ниту еден објект од “Скопје 2014” без бисти на верски светци, на државни згради, дури и по мостови и крстосници. Го именуваа Аеродромот во Охрид со верско име, и тоа “Свети Апостол Павле II”. Во секој камен-темелник има по еден свештеник, а сега се жалат зошто била направена муслиманска молитва во Собранието. Или држава за сите или за никој. Поддршка за денешната активност во Собранието по повод годишнината од Сребреница, вели Кренар Лога од АА.