Пуштени три ленти: Еве колку се чека за влез и излез од Македонија

од Nikola Popovski
85 прегледи

По половина час се чека на граничните премини „Табановце“ за влез во земјава и на „Богородица“ за излез кон соседна Грција, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија.

Во моментов од она што може да се забележи на камерите на ГП „Богородица“, има колони возила на три ленти и очигледно дека се чека некое време за излез од државата.

Поради летните одмори, гужви на овие гранични премини имаше и вчера.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава воведен е летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Слични содржини