Палмер: Има позитивни работи што можеме да ги извлечеме

од Vladimir Zorba
59 прегледи

Фудбалерот на Челси, Кол Палмер, кој постигна гол за ремито на Англија за 1-1 против Шпанија во финалето на ЕП 2024, призна дека противниците одиграле одличен турнир.

„Тимот на Шпанија беше брилијантен во текот на целиот турнир. Сите видоа што можат да направат, па честитки“, изјави Палмер за ITV Sport.

„Стигнавме уште едно финале. Има позитивни работи што можеме да ги извлечеме, но сите сакавме да одиме чекор понатаму. Разочарани сме што не успеавме“, додаде Кол Палмер.

Слични содржини