ВМРО-ДПМНЕ бара од Антикорупциска да отвори случај за „аудито“ на Филипче

од Nikola Popovski
52 прегледи

Откако вчера беше објавено дека Државната комисија за спречување на корупцијата оформила предмет по допрен глас за патувањето на синот на премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон, денеска од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение побараа од истата комисија да отвори случајот за џипот марка „ауди Q8“ на лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Партијата на Мицкоски бара од Антикорупциската комисија да испита како е набавено луксузното возило.

-Дали Филипче го платил со свои пари или друг го купил за него. Доколку друг го купил зошто му го дал на Филипче и дали може да се доведе во корелација со некој тендер или можеби со фирма или поединец кои имале бенефит од власта. ДКСК да отвори случај и да ги истражи сите детали, по што мота да следува и соодветна постапка, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче го објави новиот анкетен лист во Дкск. Пријавил шест стана, од кои пет во Карпош и еден во Центар, како и ново возило „индиан пурсуит“ во вредност од 25.000 евра. Возилото за кое обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ го нема во анкетниот лист.

Тој има 215 акции во Макстил, 55 во Стопанска банка и 40 во Гранит, но и удел во Макпетрол. Вредноста не е пријавена.

Филипче има и регистрирана фирма под назив „Poweri8“ во Бугарија.

Слични содржини