Активни 12 пожари низ земјава

од Nikola Popovski
43 прегледи

Во последните 24 часа регистрирани биле вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои 12 се активни, соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарот на планината Серта се прошири на две општини, во Неготино на влезот во селото Калањево, каде гори ниска вегетација и шума, како и во општина Конче кај селата Горни и Долни Липовиќ.

Како што соопштија утрово од ЦУК, пожарот на планината Серта денеска се очекува да биде изгаснат од воздух и од земја.

Синоќа на состанокот на Кризниот штаб на општина Неготино беше соопштено дека од воздух ќе се користат четири хеликоптери и три противпожарни авиони, додека припадници на АРМ, МВР, ЕБР, пожарникари од повеќе градови, компании од јавната служби, национални шумари, ловци и други волонтери ќе интервенираат од земја. Обезбедена е потребната механизација за дејствување од терен, додека се планира активностите за гаснење на пожарот да започнат во раните утрински часови.

-Во 22:00 чaсот се одржа состанок на Кризниот штаб во Општина Битола на кој е одлучено во ноќните часови на терен да останат екипи од ТППЕ Битола,а во утринските часови на терен да излезат:ТППЕ Битола со 40 пожарникари ,ДПД „Архангел “со 9 пожарникари, ЈП НШ Подружница „Кајмакчалан“ со 10 лица , ЈП „Водовод“ од Битола со 15 лица ,ЈП Нискоградба со 10 лица, ЈП Комуналец со 15 лица и ЈП Стрежево со механизација.

Во пожарот повреден е еден пожарникар кој со изгореници е хоспитализиран во Клиничката болница во Битола. За пожарот се известени сите субјекти од Системот а управување со кризи (СУК). Се претпоставува дека пожарот започнал од дива депонија.

На терен биле 40 пожарникари од ТППЕ Битола, додека во 07.00 часот ќе излезат екипи од :ДПД „Архангел “со 9 пожарникари,ЈП НШ Подружница „Кајмакчалан“ со 10 лица , ЈП „Водовод“од Битола со 15 лица ,ЈП Нискоградба со 10 лица,ЈП Комуналец со 15 лица и ЈП Стрежево со механизација.Градоначалникот на Општина Битола упати барање за воздушна поддршка. Во пожарот повреден е еден пожарникар кој со изгореници е хоспитализиран во Клиничката болница во Битола. За пожарот се известени сите субјекти од СУК. Се претпоставува дека пожарот започнал од дива депонија, соопштија од ЦУК.

Слични содржини