Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес оствари работна средба со претседателот Слободан Трендафилов и шеф на кабинетот Лиле Петрова на Сојуз на Синдикатите на Македонија (ССМ).
Во рамки на средбата, Министерот Минчев ја потврди заедничката цел, градењето партнерски однос со сите засегнати страни и отвореност за соработка со синдикатите со цел постигнување на функционален социјален дијалог во интерес на вработените во јавниот сектор.
Исто така, се дискутираше за веќе повлечените законите за вработени во јавен сектор и законот за административни службеници од собраниска процедура, од причина што истите имаат суштински забелешки во однос на методологијата за пресметка на платите, почитување на општиот колективен договор за јавен сектор потпишан минатата година како и процентуално зголемување на платите во јавниот сектор и обезбедување на подобри услови за вработените во јавната администрација.
-Министерот Минчев изрази подготвеност за одржување на социјален дијалог и информираше дека како министерство сме посветени на соработка со институциите, синдикатите и сите инволвирани страни со цел обезбедување и подобрување на стандардите на вработените во јавниот сектор, информираат од МЈА.