По Сити, Гвардиола седнува на најтешката клупа во светот

од Vladimir Zorba
61 прегледи

Веста која во вторникот вечерта се рашири низ Островот доаѓа од „перото“ на еден од уредниците на угледниот „Индипендент“ Мигел Дилејни, кој му го „исцрта“ патот на Пеп Гвардиола до – клупата на Англија! Сепак, веднаш јасно стави до знаење дека Пеп Гвардиола има договор со Манчестер Сити до крајот на сезоната 2024/25, но дека ФА може да чека таков тренер доколку и треба уште една година.

Англичаните во тој случај би добиле привремен тренер со кој би се натпреварувале во Лигата на нации, но и на стартот од квалификациите за СП 2026 година, наводно би можел да биде селекторот на репрезентацијата до 21 година, Ли Карсли, но и една дама.

Овој извор не потсетува и на клучната работа што квалификациите за СП почнуваат дури во март, а дека Пеп би можел да ја преземе англиската селекција на крајот од сезоната, во јуни и да има една година да ги подготви за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Мигел Дилејни ја потврдува својата приказна со фактот дека Пеп и претходно бил заинтересиран за селекторската функција. Но Пеп се смета себеси за горд Каталонец и затоа никогаш особено не преферирал работа на клупата на шпанската репрезентација.

Од друга страна, тој живее во Англија полни седум години, не крие дека таму му е пријатен животот и дека е среќен. Покрај тоа, Англичаните имаат моќен тим, според многу параметри и највреден во светот, но тоа не можат да го демонстрираат на теренот.

Пеп Гвардиола би ја добил најтешката можна задача, а со него очекувањата би станале уште поголеми – Англија да победи на голем турнир, по двата порази во финалињата на европските првенства.

Не треба да заборавиме дека неодамна се појавија сигурни информации дека Пеп не сака да го продолжи договорот и сериозно размислува да го напушти Сити по претстојната сезона.

Слични содржини