Ќучук: Францускиот предлог е успех, С. Македонија мора да го спроведе

од Nikola Popovski
89 прегледи

Бугарскиот европратеник, Илхан Ќучук смета дека францускиот предлог (Преговарачката рамка со ЕУ) треба да се имплементира доколку Северна Македонија сака да започне преговори со ЕУ.

„Беше важно кога бугарската дипломатија ја постави агендата како да се решат меѓуетничките конфликти на Балканот. Го изгубивме тој авторитет и мораме да го вратиме“, вели Ќучук во интервју за „БТА“ за прашањето за проширувањето на Европската унија.

На прашањето за европската перспектива на Балканот, Ќучук истакнал дека национален приоритет на Бугарија е „земјите од Западен Балкан да бидат дел од ЕУ и оваа врска со Европската унија да се направи преку Софија“.

На прашањето конкретно за Македонија, тој одговорил дека тоа зависи од овдешните процеси. Францускиот предлог, кој во суштина, според него, е европски документ и успех и за двете дипломатии.

„Но, тоа мора да се спроведе: социјално, политичко, со обврски. Тоа е основата на добрите односи меѓу Бугарија и Северна Македонија заедно со Договорот потпишан во 2017 година. Нема друг начин. Ова е пораката за Скопје“, рекол бугарскиот европратеник.

Слични содржини