Јанчев ќе го координира регионалниот кризен штаб за пожарите

од Nikola Popovski
127 прегледи

Синоќа се одржал координативен состанок во Неготино за пожарите во Македонија. За него информираше градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

-Заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, за одбрана Владо Мисајловски, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, командирите на ТППЕ и колегите градоначалниците од општините кои се зафатени со критичните пожари, а по насока на Владата на Македонија и премиерот Христијан Мицкоски ги поставивме контурите на нашето делување и уште од вечерва продолжуваме со акција, посочува Ѓорѓиевски.

Градоначалникот потенцира дека на терен ќе бидат припадниците на АРМ, МВР, воздухоплови испратени од пријателските земји и нашите капацитети, како и пожарникарите.

-На овој состанок извршивме сондажа за досегашната состојба и формиравме регионален кризен штаб со седиште во Кавадарци со кој ќе координира градоначалникот Митко Јанчев. Состојбата е алармантна, но ние не седиме со скрстени раце. Со заеднички сили ќе го победиме и ова, стои во објавата на Ѓорѓиевски.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 24 пожари на отворено, од кои активни утрово се 13.

Слични содржини