137
Министерството за внатрешни работи излезе со детали за апсењето на поранешниот припадник и командант на ОВК, Блерим Рамадани. Според полицијата, тој бил приведен на граничниот премин „Јажинце“.
-Вчера во 16 часот, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 47-годишниот Б.Р. од Косово, затоа што при пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“, по барање на Интерпол Србија, информираат од МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.