Еден од најуспешните тренери на Реал Мадрид, Зинедин Зидан го коментираше настапот на Ламин Јамал на Евро 2024. Ѕвездата на Шпанија блесна на само 16 години.
„Можете да бидете навивач на Реал Мадрид или кој било друг тим, но мора да прифатите голем талент и голем играч, Ламин Јамал, тој не изненади сите. Не би бил изненаден ако ја освои „Златната топка“ сега или следната сезона, тој е уникатен играч. Јас да сум претседател на Реал Мадрид, би потпишал со Јамал“.
„На Европското првенство многумина велеа дека нема менталитет или зрелост да се справи, но Јамал замолкна многумина, тој е шампион и еден од најдобрите играчи на турнирот и најдобар млад играч. Очекувам големи работи од него“, додаде Зидан.
Инаку, Барселона реши да не го носи Јамал на американската турнеја на тимот за да не го преоптовари со оглед на тешкиот календар на натпревари во Ла Лига, Купот и Лигата на шампионите.
Селекторот на Шпанија го советуваше клубот барем неколку години да не му дозволуваат прес-конференции по натпреварите, доколку сакаат да ја заштитат неговата психа од медиумски скандали.