308
Раководството на Пари Сен Жермен било изненадено од претстојниот трансфер на Лени Јоро во Манчестер Јунајтед, тврди „Екип“.
Шефовите на Париз веруваа дека 18-годишниот талент од Лил ќе остане во клубот уште една година и ќе продолжи како слободен агент следното лето.
Токму поради оваа причина тие беа бавни во обидот да го привлечат.
Сепак, Лил немаше намера да дозволи да му истече договорот на Јоро и да го изгубат без да добијат трансфер сума. Изненадувањето за ПСЖ е што успеаја да го убедат да се откаже од сонот за преселба во Реал Мадрид.