Вест Хем го враќа Канте во Премиер лигата

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Вест Хем сака да го врати францускиот интернационалец Н’Голо Канте во Премиер лигата, пренесуваат англиските медиуми.

„Чеканите“ веќе се во преговори со Ал Итихад и според извештаите, клубот од Саудиска Арабија, исто така, гледа кон потенцијален договор.

Играчот од средниот ред имаше силно европско првенство и покрај информациите дека се чувствува добро во Ал Итихад, тој би прифатил и враќање во англиската елита.

Лондончани се во потрага по дефанзивен играч за врска откако очекувано ја одбија опцијата да го ангажираат Калвин Филипс на трајна основа.

Според „Гардијан“ цената на Канте би била околу 20 милиони фунти, што не изгледа толку многу, а и Хулен Лопетеги е многу голем фан на играчот.

Французинот помина 7 години во Челси пред да замине, но беше мачен од повреди и често отсуствуваше во последните сезони. Меѓутоа, во Германија се виде дека кога е фит е извонреден, па Вест Хем се надева дека ќе ја добие токму оваа верзија од него.

Слични содржини