Зеленски: Украина не мора со сила да ги врати сите територии, моќта на дипломатијата може да помогне

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина не мора со сила да ги врати сите изгубени територии, туку дека моќта на дипломатијата може да помогне, додавајќи дека меѓународната заедница треба да изврши притисок врз Русија да преговара за мир.

„Мислам дека моќта на дипломатијата може да помогне. Со притисок врз Русија, мислам дека е можно да се постигне дипломатско решение“, рече Зеленски во интервју за Би-Би-Си.

Тој посочи дека смета оти Русија треба да присуствува на вториот самит за мир во Украина во ноември, откако официјални лица од Москва не беа присутни на самитот во Швајцарија што се одржа во јуни.

Слични содржини