Извлечено телото на скопјанецот кој се удави во Дојранското езеро

од Nikola Popovski
99 прегледи

Денес 19.07.2024 година, во утринските часови тим од тројца пожарникари-спасители во Дојранско езеро учествувале во пронаоѓањето и извлекувањето на телото на давеник. Како што информираат од Струмичката противпожарна служба, телото е предадено на надлежните органи.

Вчера од МВР излегоа со подетални информации за трагичниот настан.

-Денеска во 10.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојран машко лице од чамец скокнало во езерото, пливало неколку метри, по што се удавило. Утврдено е дека станува збор за Д.М.(43) од скопско. Полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот, информираа од МВР.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес.

Слични содржини