МНР: Жената што загина во сообраќајката во Србија е државјанка на Македонија, повредените се словенечки државјани

од Nikola Popovski
62 прегледи

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија преку Амбасадата на Република Северна Македонија во Белград е информирано дека вчера во попладневните часови во близина на населеното место Палојце се случила сообраќајна незгода во која животот го загубило едно лице, додека три лица се повредени.

Согласно информациите од амбасадата, лицето кое го загубило животот е државјанин на Република Северна Македонија, додека повредените лица се државјани на Република Словенија.

-Амбасадата во Белград е во постојана комуникација со надлежните служби на Република Србија и  за сите дополнителни информации јавноста ќе биде навремено информирани, појаснуваат од МНР.

Несреќата се случила, според неофицијални информации, кога возачот изгубил контрола над возилото и удрил во заштитната ограда.

Како што пренесоа српските медиуми, во несреќата загинала сопругата на возачот која се наоѓала на совозачкото седиште, а покрај него биле повредени и нивните две деца и една постара жена.

Се работи за македонско семејство кое се враќало од одмор во Словенија.

Слични содржини