Српскиот хеликоптер го изгасил пожарот во близина на Росоман

од Nikola Popovski
40 прегледи

Припадниците на српската полиција како дел од Хеликоптерската единица и Одделението за вонредни состојби успешно самостојно го изгаснале пожарот во близина на селото Росоман, соопштија од српското МВР.

При гаснењето на пожарот на оваа локација, припадниците на тимот на српското МВР испуштиле 20 тони вода со противпожарниот хеликоптер „Камов Ка-32“.

Екипите на српското МВР во текот на вчерашниот ден успешно го ставиле под контрола пожарот кај градот Радовиш, на планината Плачковица, каде исто така самостојно ја извршиле интервенцијата.

Екипата на српското МВР од почетокот на интервенцијата до денеска фрлила вкупно 157 тони вода на опожарените површини.

-Потсетуваме дека од 16 јули, припадниците на Хеликоптерската единица и Одделението за вонредни состојби учествуваат во гаснење на пожарите со хеликоптерот Камов Ка-32 со голем капацитет за вода, кој за прв пат беше испратен надвор од границите на Србија да пружи помош, стои во соопштението од српското МВР.

Слични содржини