53
53-годишен жител на Струмица се сомничи дека извршил обљува врз малолетно лице со пречки во развојот.
Како што соопштија од Струмичката полиција, осомничениот бил уапсен вчера во 18:25 часот, а се сомничи дека во 11:30 часот во подрумски простории на станбена зграда во Струмица ја извршил обљубата.
Лицето било задржано во Полициската станица во Струмица и за настанот бил запознат јавен обвинител од ОЈО Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.