Дачиќ: Ги утврдуваме мотивите на убиениот Хајризи, Германија не одговара на нашите прашања

од Nikola Popovski
877 прегледи

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Фатон Хајризи, кој беше убиен кај Лозница, е „докажан убиец“, оценувајќи дека „кога некој ја напаѓа државата тоа е терористички чин“ и дека ќе се утврди кои биле целите и мотивите на косовскиот државјанин.

„Бараме од Германија да дознаеме дали навистина бил во Германија, но не ни одговараат и притоа секојдневно вршат притисок врз Србија поради тоа што се случи во Бањска. Ајде, одговорете ни на едноставните прашања – дали бил во Германија и ако е така, како стигнал таму. Прашање и за ЕУЛЕКС зошто не распишаа меѓународна потерница од Интерпол ако избегал од затвор“, изјавил Дачиќ за ТВ Пинк, коментирајќи ја информацијата дека Фатон Хајризи неодамна побегнал од затвор на Косово.

Дачиќ потсетил дека имало сомнеж за неговиот идентитет бидејќи и денеска српските власти немаат документи на негово име туку на името на неговиот брат Артан Хајризи, како косовски пасош и германска лична карта.

„Знаете како оди сега, барате податоци од ЕУЛЕКС и велат – не можеме да ги дадеме поради заштита на личните податоци. Германската полиција не дава одговор дали тој навистина бил во Хановер или не. Да беше во Хановер на 16 (јули), a на 17-ти попладнето во Прешево, нека ни објасни некој како и зошто би дошол во Прешево. Ако брат му лажел дека бил таму на 16 јули, тогаш треба да се третира како соучесник и да биде уапсен“, рекол Дачиќ во врска со изјавата на Артан Хајзири во Германија дека брат му ги украл документите.

Според Дачиќ, треба да се види како стигнал во Прешево кога легално не ја поминал административната линија, наведувајќи дека „таму полицијата трага по десетици луѓе кои не се на домашна адреса, а потоа се знае дека таквите избегале, со што се соучесници во тоа“

Тој посочил дека Фатон Хајризи бил докажан повеќекратен убиец без намера да им се предаде на српските власти, но веднаш пукал двапати кон полицајците во автомобилот, учесниците во потрагата, но и дека еден од полицајците го ранил кога возвратил со оган, по што побегнал во правец на шумата.

Српскиот министер информирал дека потоа бил ликвидиран од Специјалната антитерористичка единица и дека пред да биде убиен пукал во полицијата вкупно девет пати.

Слични содржини