Српски државјанин уапсен на „Богородица“ на барање на Франција

од Nikola Popovski
275 прегледи

38-годишен државјанин на Србија е уапсен на Граничниот премин „Богородица“ по потерница од Интерпол поради трговија со дрога, соопшти Македонската полиција.

На граничниот премин „Богородица“ во петокот во 05:45 часот „полициски службеници го лишеле од слобода Н.М. (38) од Србија бидејќи при гранична контрола е констатирано дека има барање од Интерпол Франција за негово апсење за кривично дело „недозволена трговија со дрога“.

По апсењето на граничниот премин меѓу Македонија и Грција, српскиот државјанин, се додава, е „предаден на полициски службеници од Полициската станица во Струмица за понатамошно постапување“.

Слични содржини