Потег на Џеко поврзан со Ракитиќ дополнително ја загреа атмосферата во Сплит

од Nikola Popovski
164 прегледи

Иван Ракитиќ е нов играч на хрватски Хајдук. Сплитскиот тим ја лансираше оваа вест преку видео од ракета на полноќ и го најави официјалното претставување на новиот играч за денеска во 19 часот и 30 минути.

Навивачите од Сплит веднаш се организираа по најавата за потписот Ракитиќ за Хајдук. На Фејсбук и Инстаграм профилите „Нико као Хајдук од Сплит 1950“ веќе има објава за пречекот на некогашниот член на хрватската репрезентација.

Првата клупска најава му се допадна и на Един Џеко, кого сплиќани го посакуваат во своите редови. Напаѓачот на Фенербахче и на репрезентацијата на Босна и Херцеговина минатата година постигна 25 гола за својот клуб, но тренерот Жозе Мурињо со своите потези јасно стави до знаење дека оваа година нема да биде во неговиот прв план. Прво го доведе Ченк Тосун, турскиот репрезентативец кој пристигна од Бешикташ, а сега е се поблиску и доаѓањето на уште еден напаѓач – Мароканецот Јусеф Ен-Несири кој треба да дојде од Севиља и да потпише договор на четири години.

Џеко е под договор со Фенер уште една сезона, а платен е 4,5 милиони евра и тоа засега го оддалечува од Пољуд. Сепак, случајот со Ракитиќ покажа дека доколку има волја, постои и начин. Овој „лајк“, кој Џеко го стави под најавата за доаѓањето на Ракитиќ во Хајдук, има тежина да ја држи вратата отворена, пишуваат хрватските медиуми.

Слични содржини