25
Рики Рубио реши да го затвори кругот и е пред враќање во Хувентуд. По 15 години, одличниот шпански плејмејкер реши да ја заврши кариерата таму каде што ја започна.
„Рики Рубио му вели „да“ на Хувентуд, а неговото враќање дома по 15 години наскоро ќе стане реалност“, известува новинарот Жорди Вале Симо од „Ефе Депортес“.
Рубио играше од 2005 до 2009 година за Хувентуд, по НБА драфтот таа година се пресели во Барселона. Од 2011 година играше во НБА за Минесота, Јута, Феникс, Кливленд, а по една година пауза минатата сезона ја заврши во Барселона.
Минатата сезона одигра 13 натпревари во Евролигата, а 15 во Ендеса лигата, со просек од 5,6 поени, 4,2 асистенции и 3,1 скока.