Симпсонови „предвиделе“ дека Харис ќе биде претседател на САД? Се огласи сценаристот

од Nikola Popovski
96 прегледи

Како што беше случајот со некои други важни глобални настани, многумина веруваат дека Симпсонови уште еднаш ја „предвиделе“ иднината, овој пат потенцијалната кандидатура на Камала Харис за претседателка на САД.

Откако е се поизвесно дека Камала Харис има намера да го предизвика поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп на изборите, корисниците на социјалните мрежи го споредија ваквиот тек на настаните со епизода од култната анимирана серија Симпсонови.

Во една епизода што се емитувала во 2000 година, Лиза Симпсон била претставена како првата жена претседател на САД.

Во 17-тата епизода од 11-та сезона, Лиза е прикажана како се жали на буџетската криза која „претседателот Трамп“ ја оставил зад себе, а со која сега треба да се справи, наведува „Hindustan Times“.

Таа носи виолетов женски костум и бисерен ѓердан во епизодата, кои се сосема слични на она што Камала Харис го носеше за време на инаугурацијата во 2021 година.

За ова „предвидување“ се огласи и Ал Џин, еден од сценаристите на Симпсонови.

„Горд сум што сум дел од овие „предвидувања“ на Симпсонови“, напишал тој на социјалната мрежа „Х“.

Слични содржини