Николоски: Бугарите воопшто немаат проект за пругата со Македонија

од Nikola Popovski
493 прегледи

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски уште еднаш повтори дека проектот за железничко поврзување со Бугарија има неколку маани, од кои првата е дека поминува низ градот Крива Паланка и треба да се срушат 20 куќи.

-Второ, имајќи предвид дека поминува низ планински појас, нема да може возовите да се движат со повеќе од 60 км на час, а поентата е побрзо да се стигнува. Трето, завршува во тунел кој што на другата страна не води никаде. Бугарите воопшто немаат проект за од другата страна. Точно е дека Ѓуешево има пруга, но од таму до граница нема пруга и не можете да ја поврзите. На прашањето дали Бугарите ќе изградат и кога, до денес немаме одговор, рече Николоски, во присуство на новиот директор на ЈПДП, Коце Трајновски на увид во градежните работи на експресниот пат Ранковце -Крива Паланка.

Како што исткана Николоски, проектот предвидува и изградба 22 тунели на само 24 километри пруга, што според него е нереална работа и нема изведувач во Европа кој што би изградил 22 тунели за четири години и затоа, како што додава министерот, сериозни фирми не се пријавуваат.

Слични содржини