60
Арсенал е се поблиску до потписот на шпанскиот репрезентативец, Микел Мерино, пренесува Mundo Deportivo.
Според новинарот Кике Марин, клубот од северен Лондон веќе постигнал начелен договор за личните услови на играчот и испратил прва понуда до Реал Сосиедад. Лично, менаџерот на „топчиите“ Микел Артета инсистира да работи во тимот со својот сонародник.
До неодамна се веруваше дека Атлетико Мадрид е најсериозниот кандидат за трансфер на Мерино, но Арсенал се чини дека е поупорен да го ангажира играчот кој го постигна победничкиот гол за Шпанија во четвртфиналето на ЕП 2024 против Германија.
Во Арсенал, Мерино би можел повторно да се обедини во средниот ред со соиграчот од Реал Сосиедад, Мартин Јодегард.