Студија: Нешто необично им се случува на нашите зеници кога дишеме

од Milan1
39 прегледи

Нова студија открива дека нашите зеници мистериозно се шират и се собираат со секој здив, што укажува на подлабока врска помеѓу видот и дишењето.

Нашите очи, таканаречените прозорци кон душата, можат да откријат многу за нас, вклучувајќи ги и потенцијалните рани знаци на губење на слухот. Но, уште поинтригантно, новото истражување од Шведска и Холандија покажува дека нашите зеници флуктуираат со секој здив, пишува „Саенс алерт“ (Sience alert).

Повеќе од еден век знаеме дека зениците не реагираат само на светлина. Меѓутоа, прашањето дали ја менуваат големината со секој здив даваше мешани резултати. Некои истражувања покажаа дека зениците се шират за време на вдишувањето, но анализата од 2022 година откри неубедливи докази за овој феномен.

Неврологот Мартин Шефер од Институтот „Каролинска“ и неговиот тим се обидоа да ги разјаснат овие наоди. Со помош на специјална камера, тие ја измерија големината на зениците на повеќе од 100 волонтери, како во мирување, така и за време на визуелна задача.

Големината на зеницата постојано го достигнуваше својот минимум околу почетокот на вдишувањето и својот максимум за време на издишувањето, велат авторите на новата студија, која чека рецензија од колегите.

Оваа конзистентна шема се појавила без оглед на тоа дали волонтерите извршиле визуелна задача или се фокусирале на една точка и дали дишеле низ носот или устата. Ова е во спротивност со претходните тврдења дека зениците се најмали при издишување.

Беа потребни неколку циклуси на дишење за да се откријат овие суптилни промени, кои потенцијално би можеле да ги објаснат минатите контрадикторни резултати.

Научниците претпоставуваат дека помалите зеници повеќе помагаат да се разликуваат деталите, додека поголемите откриваат слаби дразби.

Разбирањето на однесувањето на зеницата може да ја подобри нивната употреба како дијагностички индикатори за нивоата на свест и состојбите на менталното здравје.

Слични содржини