Сагата со Реал заврши: Ливерпул му дава нов договор на Трент Александер-Арнолд

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Ливерпул ќе му понуди нов договор на Трент Александер-Арнолд и со тоа ќе заврши сагата околу иднината на англискиот интернационалец, пишува весникот „Сан“.

Неодамна се појавија гласини за интерес од Реал Мадрид за играчот, кој влезе во последната година од договорот со „црвените“.

На крајот, сепак, Трент претпочита да остане на „Енфилд“ и веќе зборувал за иднината со новиот менаџер Арне Слот, па ќе го „откачи“ европскиот клупски шампион.

„Со новиот шеф разговараше и пред европското, а и сега кога е на одмор двајцата се во контакт. Трент ја гледа промената во Ливерпул како нов почеток и е посветен на клубот и едвај чека да се врати и да почне да игра“, изјави извор близок до Александар-Арнолд.

Новиот договор секако ќе дојде и под подобри услови, па Трент значително ќе го зголеми сегашниот број на настапи за „црвените“, кој изнесува 310.

Останува да се види и како ќе биде искористен од новиот менаџер откако Јирген Клоп минатата сезоната се потпираше на него најмногу во средниот ред.

Слични содржини