ОИ 2024: Кошаркарите на Шпанија спречени да тренираат во салата во Лил

од Vladimir Zorba
58 прегледи

Шпанските кошаркари на 27 јули ќе го одиграат првиот натпревар на Олимписките игри во Париз, без да имаат одработено ниту еден тренинг откако дојдоа во Франција, поточно Лил, каде што ќе се одржува турнирот.

Поради зафатеноста на тамошната сала, избраниците на Серџо Скариоло немаа можност да работат со топка, па времето го поминуваат само во теретана. А тоа не можат да го направат ниту во окупираните придружни објекти на главната сала.

Од таборот на „црвената фурија“ се жалат на неорганизираноста и непрофесионалноста на домаќините на ОИ, додека спротивната група тврди дека проблемот настанал затоа што Шпанците го најавиле доаѓањето за 25 јули, а во градот пристигнале два дена порано од договорениот датум.

Поради ова, според шпанските медиуми, постои можност Скариоло и екипата да се преселат во блиската Белгија, а во Лил да доаѓаат само за натпревари од групната фаза. За почеток со Австралија, на првиот ден од викендот, а потоа против Грција и Канада во групата А.

Шпанија го освои шестото место на Игрите во Токио 2021 година, а четири пати освои медали во историјата на најголемото спортско натпреварување. Двапати до сребрениот и еднаш до бронзениот медал.

Слични содржини