48
Коњи учесници во Илинденскиот марш кои претходно биле пријавени за украдени во Скопје, пронајдени се во Кавадарци.
Од СВР Велес денеска потврдија дека имаат евидентирано ваква пријава во кавадаречката полиција.
„Денеска 25.07.2024 во ОВР Кавадарци, И.Т. од Скопје пријавил дека на ливада во близина на улица „Клинска” во Кавадарци, ги пронашле коњите кои биле ангажирани за учество во Илинденскиот марш, за кои претходно во Полициска станица Аеродром во Скопје, било пријавено дека се украдени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во писмениот одговор од портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.
Годинава се одбележуваат 121 година од Илинденско востание и 46 години од првиот Илинденски марш.