Уште два земјотреси почувствувани во Македонија

од Nikola Popovski
57 прегледи

Утрово уште два земјотреси биле почувствувани на територија на Македонија, особено во Малешевијата.

Јачината на првиот била 3,2 степени според Рихтер, а епицентарот е на 120 км од Пехчево. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција, вториот земјотрес се случил неколку минути подоцна, во 8.53 часот, со послаб интензитет од 2,1 степен.

Засега нема информации за повредени лица или предизвикана материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден, исто така два земјотреси со Рихтерова магнитуда од 3,6 и 2,9 степени беа регистрирани на територијата на Македонија.

Потресите биле регистрирани околу 18 часот и 30 минути на подрачјето Делчево – Берово на 125 километри јужно од Скопје. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, првиот земјотрес почувствуван е од населението во градовите Берово, Делчево и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Слични содржини