Фудбалерот на Баерн Минхен, Серж Гнабри ги демантираше гласините за трансфер кои го поврзуваат со голем број европски гиганти, јави агенцијата ДПА.
„Ако треба да бидам искрен, сите овие информации ми се луди. Никаде не сум кажал дека сакам да заминам. Сакам да се вратам во форма и да бидам корисен за клубот“, изјави крилниот напаѓач.
Тој го потврди истото и за останатите играчи на Баварците, кои се предмет на многу шпекулации.
„Не се работи само за мене, туку за сите мои соиграчи. Имаме професионални договори и фокусирани сме да играме фудбал на највисоко можно ниво“, додаде фудбалерот.
29-годишниот германски репрезентативец минатата сезона забележа само 20 настапи и постигна 5 гола, а серијата сериозни повреди допринесе за неговата ограничена минутажа.
Гнабри пристигна во Баерн Минхен во 2017 година, откако пет пати ја освои титулата во Бундеслигата, двапати Купот на Германија, три пати Суперкупот, еднаш Лигата на шампионите и Суперкупот на Европа.