50
Јужнокорејското Министерство за спорт побара денеска средба со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах поради гаф за време на церемонијата на отворањето на Олимпијадата во Париз, во која Јужна Кореја по грешка беше претставена како Северна Кореја за време на парадата на спортистите.
„Исто така, побаравме од Министерството за надворешни работи да депонира протестна нота до Франција“, се вели во соопштението на јужнокорејското министерство, а пренесува агенцијата Јонхап.
Јужнокорејскиот олимписки спортски комитет поднесе жалба до организацискиот одбор на Олимпијадата во Париз за да спречи слични случаи да се повторат.