Дрес на Марадона од 1986 година ќе се најде на аукција во „Сотби“

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Дресот што го носеше познатиот аргентински фудбалер Марадона во полуфиналето на Светското првенство во 1986 година ќе биде изложен во „Сотби“ во Њујорк на крајот на јули, пред да биде понуден на продажба на 22 август.

Марадона, кој почина во 2020 година, го носеше овој дрес во полуфиналниот натпревар на Светското првенство што Аргентина го доби против Белгија и постигна два гола, пренесува „Ефе“.

Аргентинскиот репрезентативец го смени дресот за ракавиците на белгискиот голман Жан Мари Пфаф.

Слични содржини