177
Републиканскиот кандидат на претстојните избори и поранешен американски претседател Доналд Трамп за време на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека доколку не победи на изборите во ноември, ќе има голем конфликт на Блискиот Исток и дека потенцијално може да има „трета светска војна“.
Трамп се сретна со Нетанјаху во неговата резиденција Мар-а-Лаго на Флорида, еден ден откако израелскиот премиер се сретна со американскиот претседател Џозеф Бајден и потпретседателката Камала Харис, пишува денеска порталот Хил.
„Ако победиме, ќе биде многу едноставно. Се ќе биде решено и многу брзо“, изјави Трамп на почетокот на средбата со Нетанјаху.