Агелер откри новости за црната листа на САД со македонски државјани

од Nikola Popovski
177 прегледи

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер останува на ставот за поддршка на Судскиот и Советот на јавни обвинители.

-Секоја реформа во Судскиот совет треба многу внимателно да се разгледа и да се носат мудри одлуки. Постои патоказ од ЕУ што ние како Влада и амбасада го поддржуваме, рече Агелер по посетата на касарната „Јане Сандански“ – Штип, каде што имаше презентација на новите шест лесни оклопни возила „JLTV“.

Амбасадорката е категорична дека се потребни реформи во судството.

На новинарско прашање дали ќе има проширување на црната листа на САД со санкции, со лица од земјава, Агелер информира дека списокот е нешто што нивните закони го наметнуваат и бараат.

-Станува збор за листа која што е динамична и органска и постојано трпи промени. Има мноштво имиња од кои што може да се избере. Во моментов се разгледуваат повеќе случаи и имиња и се следи ситуацијата. Можеби сега ќе ве разочарам затоа што ќе кажам дека немам датум кога листата ќе биде ажурирана, меѓутоа тоа постојано се прави, одговори американската амбасадорка.

Како последни имиња, Стејт Департментот ги стави на црна листа градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски и екс-специјалната обвинителка, Катица Јанева, како и двајцата возрасни синови на Јакимовски и синот на Јанева. На сите нив им е забранет влез во САД.

На црната листа лани на 5 декември, САД го ставија и поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, а од претходно се Сергеј Самсоненко, Орце Камчев, Ратка Камчева, Сашо Мијалков, Никола Груевски и Рамиз Мерко.

Слични содржини