Лога: Политичката немоќ на ВЛЕН не се покрива со селски академии

од Nikola Popovski
237 прегледи

Потпретседателот на Алијансата за Албанците и дел од коалицијата „Европски фронт“, Кренар Лога, преку објава на својот Фејсбук профил, реагираше на иницијативата на „ВЛЕН“ за формирање „албанска академија“, нарекувајќи го тоа обид за прикривање на нивната неспособност во владата на премиерот Христијан Мицкоски.

„Политичката немоќ на ВЛЕН не се покрива со селски академии! Платите и функциите ги добиваат од централната власт и од унитарна држава, а наводно прават паралелни институции, но не на централно ниво, туку по селата. Срамота!“, објави Лога.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, ние ја имаме Македонската академија на науките и уметностите во чии рамки се собрани научници од различни етнички припадности. Ова е ставот на Мицкоски за идејата на ВЛЕН.

-Иднината треба да ја градиме во насока на обединувањето, а не на поделбите, изјави Мицкоски.

МАНУ треба да остане единствена институција во која членуваат реномирани научници од сите политички партии, став на опозициската СДСМ.

Според креаторите на иницијативата од коалицијата „ВЛЕН“ нема ништо лошо во тоа да се разговара за научни и уметнички идеи. Се надеваат дека оваа инцијатива ќе резултира со заеднички прифатливо решение за сите засегнати страни.

Претставниците на албанската владеачка коалиција викендов имаа средба со здружението Албанска академија на науките и уметноста од Тетово. Од таму најавија активности во насока ова здружение да стане јавна установа.

Слични содржини