Муртезани: Без уставни измени, нема да се одблокира патот кон ЕУ

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Без решавање на спорот со Бугарија и уставните измени, нема да може да се одблокира пристапот кон ЕУ, изјави денеска министерот за европски прашања, Орхан Муртезани на прес-конференција во Владата.

Запрашан дали се согласува со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски за уставни измени со одложено дејство, Муртезани додава дека прашањето треба што поскоро да се реши.

-Како што евроамбасадорот и останатите амбасадори на земјите од ЕУ, на неколку наврати имаат посочено дека тоа е сериозна пречка пред нас, на која треба да се зафатиме и залагаме, со цел да ја решиме што побрзо.

Во предизборната кампања како коалиција ВЛЕН, сме нагласиле дека тоа е еден од клучните приоритети, исто како што е и во програмата на Владата.

Без решавање на тој спор со Бугарија и уставните измени, не може да се одблокира патот кон ЕУ, појасни министерот, одговарајќи на новинарски прашања.

Слични содржини