Борусија Дортмунд плати 7 милиони евра за уште еден германски репрезентативец

од Vladimir Zorba
32 прегледи

Борусија Дортмунд постигна договор со Брајтон за потписот на германскиот репрезентативец Паскал Грос. 33-годишниот играч за врска ќе ги помине лекарските прегледи, по што ќе потпише договор со „жолто-црните“.

Од „Вестфаллен“ на „галебите“ ќе им платат 7 милиони евра, а планирани се уште 3 милиони во вид на бонуси.

Грос е дел од Брајтон од 2017 година. За англискиот клуб има 261 натпревар, постигнувајќи 32 гола.

Играчот од средниот ред има 8 настапи и еден гол за германската репрезентација.

Слични содржини