Кремљ денеска ги окарактеризира како „апсурдни“ американските тврдења дека Русија сака да се меша во изборите за претседател на Соединетите Американски Држави (САД).
Претставници на американските разузнавачки служби изнесоа тврдења дека Москва се обидува да влијае на изборите во ноември и дека користела компании со седиште во Русија за да го обликува американското јавно мислење, според Ројтерс.
Тие обвинувања се апсурдни и ние ги отфрламе, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој рече дека ќе има многу такви тврдења како што се приближуваат претседателските избори во САД, бидејќи Москва и рускиот претседател Владимир Путин претставуваат значаен фактор што и Републиканската и Демократската партија во САД го користат во политичката борба, особено за време на изборната кампања.