🎥Најновото засилување на Манчестер Јунајтед се движи на патерици

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Лени Јоро, со кој тимот потпиша на 18 јули за 52 милиони фунти, се повреди по дуелот со Арсенал во САД.

По последниот тренинг на тимот во Калифорнија, се појави снимка на која 18-годишниот Французин носи заштитна чизма на левата нога и оди кон клупскиот автобус со помош на патерици.

Тоа предизвика загриженост кај навивачите на „црвените ѓаволи“ дека повредата би можела да биде доволно сериозна за најновото засилување на Јунајтед да отсуствува на подолг временски период.

Од клубот засега одбиваат да коментираат, а за Би-Би-Си изјавиле дека сериозноста на повредата на играчот се уште се истражува.

Вистински информации за состојбата на Јоро се очекува да бидат дадени на следната прес-конференција на Ерик тен Хаг, кој во петок ќе зборува за медиумите пред контролата против Ливерпул.

Слични содржини