Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска обвини дека Владата врши целосна партизација на МЕПСО со некомптентни луѓе. Како примери ги посочи синот на екс-претседателот Ѓорѓе Иванов, Иван и сопругата на телевизискиот водител и еден од амнестираните за протестите пред настаните од „27-ми април“, Богдан Илиевски – „Бетмен Велит“.
За Иван Иванов, Кузеска вели е дипломиран политиколог и нема никаква допирна точка со она што ќе треба да го работи.
-Понатаму, во МЕПСО е згрижена и сопругата на главниот ТВ водител и пропагандист на ВМРО-ДПМНЕ, Богдан Илиевски, Анастасија. Човекот кој жолчно ги брани секојдневно политиките на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше водач на насилните протест на 27 април, сега конечно наплатува за своето слепо слугување на партијата, посочува портпаролката од СДСМ за новите членови на надзорниот одбор на МЕПСО.
За директор на Управниот одбор во МЕПСО е именуван Бурим Латифи кој доаѓа од редовите на коалицијата ВЛЕН. Министерството за транспорт и врски како главен акционер на МЕПСО ги именуваше и членовите на Надзорниот одбор на компанијата.