Сиљановска Давкова ќе биде пречекана од Вучиќ во „Прохор Пчински“

од Nikola Popovski
46 прегледи

Од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја соопштија агендата за утрешното одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката. Според активностите, предвидено е најпрвин во Пелинце, со почеток во 10:00 часот, претседателката да положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ, а исто така ќе има обраќање и ќе ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамки на чествувањето ќе настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”.

Во манастирот „Св. Прохор Пчински“, со почеток во 12:00 часот, Сиљановска Давкова ќе положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ.

-Во манастирот „Прохор Пчински“, претседателката Сиљановска Давкова ќе биде пречекана од страна на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ. Двајцата претседатели ќе остварат билатерална средба, по што се предвидени изјави за медиумите, стои во соопштението од Кабинетот на претседателката.

Со свое соопштение излегоа и од претседателството на Република Србија. Оттаму информираат дека во програмата на работната посета, за 12:10 часот е предвидена обиколка на манастирот, по што е предвидена заедничка фотографија на делегациите на Република Србија и Република Северна Македонија. , а во 12:30 часот средба на претседателката со претседателот Вучиќ.

Службата за соработка со медиуми на претседателот на Србија го најави и обраќањето на Вучиќ и претседателката на Македонија за во 13:00 часот.

Слични содржини