Сиљановска Давкова помилуваше пет лица

од Nikola Popovski
77 прегледи

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова помилува пет осудени лица, од кои две потполно, а три делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор. Одлуката е објавена во Службен весник.

Двете лица кои целосно се ослободуваат од затворска казна се: Андреј Методија Мојскоски од село Селце и
Миран Латифи Исмајли од с.Слатина.

Делумно пак се ослободуваат три лица: Блаже Владимир Стојанов од Штип, во траење од 2 месеци, Ванчо Делче Кржовски од Пехчево и во траење од 2 месеци, Ненад Душко Магделиниќ од Штип, во траење од 2 месеци.

Овие помилувања се уставно право на претседателката и претставуваат први помилувања откако стапи на функцијата.

Помилувањата како институт се еден од основните уставни надлежности на претседателот. Постојат два вида на помилување, и тоа редовни, односно кога лица и граѓани на земјата индивидуално испраќаат молби за помилување до Министерството за правда, кои потоа се доставуваат до Кабинетот на претседателот, односно Комисијата за помилување која детално ги разгледува и потоа му доставува предлози на претседателот.

Групните помилувања се втора категорија и за нив постапката се одвива двапати годишно, за 2 Август – Илинден и новогодишните празници. За групните помилувања, предлозите до Министерство за правда пристигнуваат од казнено-поправните домови, а не по индивидуални барања на лицата кои отслужуваат казна.

Слични содржини