Англискиот репрезентативец и еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити, Фил Фоден, крева прашина на и надвор од теренот. Имено, на одмор младиот ас се однесува како пуштен од ланец, прави забави, пушта гласна музика, што ги изнервирало неговите соседи, кои поради таквото однесување го пријавиле во полиција.
Како што пишува британски „Сан“, Фоден од неговата величествена палата во Чешир – до доцна во ноќта го нарушува редот и мирот.
Неименуван извор се пожалил на англискиот таблоид дека е неподносливо и дека соседите на Фоден биле принудени да повикаат полиција да интервенира.
„Никому не му пречи да прави забава или да пушта музика, но ова стана редовна работа за Фоден. Тоа е себично“, изјавил изворот на „Сан“.
Во отвореното писмо до локалниот совет, потпишано од луѓе кои живеат на улицата каде што живее Фил Фоден, се тврди дека семејството Фоден се однесува на крајно себичен начин.
Семејството Фоден беше обвинето дека пуштале гласна музика и дозволувале на нивното куче доберман да лае цел ден, пренесува „goal.com“.
Фил Фоден, чии родители живеат во луксузен имот во близина, има два сина и една ќерка со долгогодишната партнерка Ребека Кук.
Минатата сезона беше најдобар фудбалер на Сити, а стана стандарден репрезентативец на селекцијата на Англија која во финалето на ЕП беше поразена од Шпанија (2:1).