Радев и честиташе на Сиљановска Давкова: И Илинден бил дел од заедничката историја

од Илинка Илиоска
134 прегледи

Во честитката која бугарскиот претседател Румен Радев искажал кон претседателката Гордана Сиљановска Давкова за големиот македонски празник Илинден, изразил важноста на чувањето на заветите од минатото поради заедничката европска иднина.

Во честитката тој наведува дека 2 Август бил дел од заедничката историја и дека, како што наведе, Илинденско-Преображенското востание засекогаш ги поврзувало Бугарија и Македонија.

„Високите идеали на востанието денес се основата на вредностите на обединета Европа. Заедничката европска иднина бара неопходна волја и искрен пристап во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 и преземените обврски. Република Бугарија останува решена да работи на воспоставување добрососедски односи со Република Северна Македонија и да ја обезбеди потребната поддршка за исполнување на договорените критериуми за членство во Европската унија“, вели Румен Радев.

Сиљановска Давкова, вчера во свието обраќање на чествувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката што се одржа во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце рече дека ние освен географски и вредносно, политички и економски припаѓаме кон големото европско семејство.

„На нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, сѐ уште се соочуваме со непринципиелни услови што постојано се менуваат. Но, знаеме дека меѓу земјите членки имаме многу пријатели коишто се застапуваат за нас и ја будат европската совест кон случајот со нашето маратонско интегрирање. Ние мора да им помогнеме со тоа што нема да отстапиме од зацртаниот европски пат. Тоа е и нашиот пат. Македонските институции се подготвени за европските реформи. Но, од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговорите. Нашето место беше и е во Европа, но со заштитен македонски идентитет, јазик, култура и историско паметење, меморија.“, истакна претедателката.

Сиљановска Давкова на чествувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката во Пелинце: Да им помогнеме на нашите денешни млади генерации да не бидат имитатори, туку креативни интерпретатори на европските вредности и придобивки

Слични содржини